• вторник, 24 декември 2024

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Скопје, 19 февруари 2024

- „Македонските компании како македонскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ се столбот на македонската економија и оттаму ние како Царинска управа сме силно посветени на спроведување реформски политики за олеснување на трговијата и забрзување на транспортот како клучно за подобрување на условите за водење бизнис. Ова овозможува поголема конкурентност на македонските компании, отворање нови пазари, зголемување на инвестициите, а со тоа и вработеноста во државата“, истакна директорот Стефан Богоев при денешната посета на „Алкалоид“, во рамки на којашто оствари средба со генералниот директор Живко Мукаетов.

„Континуираниот дијалог со компаниите е многу важен и помага во процесот на креирање мерки и политики коишто овозможуваат нови инвестиции, проширување на производството, извоз на производи со поголема додадена вредност и освојување нови пазари. Ова е клучно за раст на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, истакна Богоев.

Богоев вели дека во моментот се спроведуваат активности за реализација на проекти во вредност од 30 милиони евра чии бенефити ќе ги почувствуваат сите македонски компании, меѓу коишто и имплементацијата на Националниот едношалтерски систем, чиишто придобивки  месецов беа презентирани пред бизнис заедницата.

Во последната анкета на Советот на странски инвеститори во земјава, Царинската управа беше посочена како орган од чија работа инвеститорите се најмногу задоволни.

Македонската компанија „Алкалоид” минатата година ја заврши со извоз од 183 милиони евра.

Царинска управа на Република Северна Македонија

_____________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Царинска управа 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан