• сабота, 28 декември 2024

Богоев: Го штитиме стандардот на граѓаните, платите и пензиите растат и во време на најголема светска економска криза

Богоев: Го штитиме стандардот на граѓаните, платите и пензиите растат и во време на најголема светска економска криза
Скопје, 27 мај 2022Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во интервју за емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 истакна дека Владата предводена од СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и дека успешно се справува со последиците од кризата.„Преку навремените и ефикасни мерки што ги презема Владата предводена од СДСМ спречија уште поголем раст на сметките за струја за семејствата, се заштити стандардот и преку намалување на ДДВ и акцизите за гориво. Во време на криза минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, постигнавме договор за раст на платите во образованието од 15 отсто, а рекордно ќе растат и пензиите.“ порача Богоев.Потпретседателот Богов посочи дека помошта кон граѓаните за справување со кризата ќе продолжи и понатаму.„Ќе има и нови мерки за помош на граѓаните, повторно ќе има ваучери за социјално загрозените семејства со кои ќе можат да одат на одмор или пак да купат прехранбени продукти. Помошта на Владата кон граѓаните во ваква економска криза не застанува. Подготвен е и ребаланс на Буџетот со кои дополнителни 100 милиони евра ќе се пренасочат за мерки за помош кон граѓаните и кон економијата“ заклучи Богоев.Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоси за предвремени избори Богоев посочи дека тоа е неодговорно однесување во време на најголема светска економска криза.,, Гледаме дека во оваа светска криза во сите држави власта и опозицијата седат заедно и бараат решенија, само кај нас опозицијата решава да прави блокади и да бара избори. Во време на криза предвремени избори дополнително ќе го отежнат животот на граѓаните" посочи Богоев додавајќи дека Мицкоски не мисли на граѓаните туку само на избори. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ _____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан