Блокиран регионалниот пат Тетово - село Пирок
- Регионалниот пат Тетово - село Пирок е блокиран поради јавен собир, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Регионалниот пат Тетово - село Пирок е блокиран поради јавен собир, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).
- Од 13:22 часот на регионалниот пат Тетово - село Пирок, поточно во непосредна близина на бензиска пумпа „Хит-Оил“ во село Палчиште, се одржува јавен собир со блокирање на сообраќајот на наведениот пат со поставување на возила на истиот, наведуваат од АМСМ. мс/цр