• сабота, 21 декември 2024

Блиските на жената од Косоврасти негативни, новиот случај на заразен е маж од Дебар

Блиските на жената од Косоврасти негативни, новиот случај на заразен е маж од Дебар
Дебар, 8 јуни 2020 (МИА) - По во петокот потврдениот нов случај на заразен со Ковид-19 после 50 дена, во Дебар денеска е регистриран уште еден случај на новозарзен. Во петокот тоа беше жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, имала висока температура и чести епилептичми напади. Беше пренесена на Клиниката за  неврологија во Скопје каде е потврено дека е заразена со Ковид-19 по што е хоспитализирана во Инфективната клиника. -Тестовите направени на лицата кои имале контакт со заболената жена се негативни на Ковид-19,што е добра вест. Сепак сите тие и понатаму се во самоизолација, рече Дука. Новиот, денеска потврден случај, е маж од Дебар, кој, како што потврдуваат од Општата болница бил префрлен во клиниките во Скопје поради силни болки во градите, но направениот тест потврдил присуство на коровирус. Хоспитализиран е во болницата „Осми септември“. Според полициската статистика од последното деноноќие, во Дебар во самоизолација се 45 лица, но поради новиот случај бројот денеска е поголем. вт/сст/      

Остани поврзан