• сабота, 28 декември 2024

Блинкен утре во виртуелна посета на Кенија и Нигерија

Блинкен утре во виртуелна посета на Кенија и Нигерија
Вашингтон, 26 април 2022 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен утре заминува на својата прва виртуелна посета на Африка, на средби со лидерите на Кенија и Нигерија, соопштија денеска од Стејт департментот. Најпрвин, тој ќе одржи сесија прашања и одговор со Младата африканска лидерска иницијатива. Темите се улогата на младината во иднината на Африка, економскиот развој, демократијата и доброто владеење, климатските промени и здравството. Потоа, Блинкен заминува на виртуелна посета на Нигерија во текот на која ќе се сретне со претседателот Мухамаду Бухари и министерот за надворешни Џефри Онјеама, „за повторно истакнување на нашите билатерални врски и дискусии за прашања од заедничка важност“. Во Кенија, државниот секретар со своите домаќини ќе ја одбележи 57 годишнината од воспоствувањето на односите со оваа африканска земја. Блинкен ќе се сретне со претседателот Ухуру Кенјата и шефот на кабинетот Омамо, „за реафирмација на стратегиското партнерство, разговори за идната соработка за промоција на демократијата и проширена трговија“. Со лидерите и на двете земји Блинекн ќе говори за глобалните проедизвици како климатските промени, но и здравствените, како Ковид-19 пандемијата и борбата со неа. САД имаат долгорочни инвестиции во Африка за борба со инфективните заболувања. Во Кенија, САД донираа мобилна болница преку која се снабдуваат основни медицински материјали за заштита од Ковид-19, и тоа преку програмата АФРИКОМ и државната партнерска програма на Националната гарда на Масачусетс, јавија од Стејт департментот. кб/  

Остани поврзан