• сабота, 23 ноември 2024

Блинкен: Санкции за Иран по доставата на балистички ракети на Русија

Блинкен: Санкции за Иран по доставата на балистички ракети на Русија

Вашингтон, 10 септември 2024 (МИА) - САД денеска ќе воведат нови санкции против Иран откако Исламската Република испрати балистички ракети во Русија, и покрај предупредувањата од Западот, соопшти американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на посетата во Лондон.

Блинкен додаде дека во наредните недели Русија веројатно ќе ги искористи ракетите во војната против Украина. Москва исто така соработува со Техеран во нуклеарната технологија.

- Набљудуваме загрижувачки тренд на зголемена иранска поддршка за Кремљ, а денеска разговаравме за нашата решителност да го спречиме Техеран да го дестабилизира регионот, изјави Блинкен.

Според него, испораката на балистички ракети во Русија ја загрозува европската безбедност. ссм/

фото: архива

Остани поврзан