• сабота, 23 ноември 2024

Блинкен: САД сакаат Кина да ги почитува меѓународните правила

Блинкен: САД сакаат Кина да ги почитува меѓународните правила

Вашингтон, 26 мај 2022 (МИА) - САД не се обидуваат да ја одвојат Кина од глобалната економија, туку сакаат Пекинг да се придржува до меѓународните правила, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен во долгоочекуваниот говор за американската стратегија за справување со подемот на Кина како голема сила.

„Вашингтон нема да ја блокира Кина да ја развие својата економија или да се обиде да го промени политичкиот систем на Пекинг, но ќе го брани меѓународното право и институциите кои го одржуваат мирот и безбедноста и им дозволуваат на земјите, вклучувајќи ги САД и Кина, да коегзистираат“, рече Блинкен.

„Ние не бараме конфликт или нова студена војна. Напротив, ние сме решени да ги избегнеме и двете“, додаде Блинкен во 45-минутниот говор на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“, кој опфати низа најспорни прашања во билатералните односи. паг/

Остани поврзан