• вторник, 24 декември 2024

Блинкен разговараше со Чавушоглу за помошта по земјотресот

Блинкен разговараше со Чавушоглу за помошта по земјотресот

Вашингтон, 10 февруари 2023 (МИА) - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговараше со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за да ја изрази својата поддршка по разорниот земјотрес.

Како што соопштија од Стејт департментот, вчерашниот разговор бил за тоа како САД можат да обезбедат помош за Турција и Сирија по земјотресот.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс рече дека САД ќе продолжат да бараат непречен хуманитарен пристап до Сирија и ја повика владата на сирискиот претседател Башар ал Асад веднаш да дозволи помош преку сите гранични премини. паг/

Остани поврзан