• петок, 08 ноември 2024

Блинкен разговараше за помош со својот турски колега

Блинкен разговараше за помош со својот турски колега

Вашингтон, 9 февруари 2023 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговарал со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за да утврдат како САД можат да продолжат да обезбедуваат помош за Турција и Сирија по земјотресите оваа недела, соопшти Стејт департментот.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека САД ќе продолжат да бараат непречен хуманитарен пристап до Сирија и ја повика владата на сирискиот претседател Башар ал Асад веднаш да дозволи помош преку сите гранични премини. јт/

Остани поврзан