• петок, 08 ноември 2024

Блинкен најостро го осуди запленувањето на двата грчки брода во Персискиот Залив

Блинкен најостро го осуди запленувањето на двата грчки брода во Персискиот Залив
Вашингтон, 30 мај 2022 (МИА) -  Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изрази најостра осуда на акцијата на Иранската револуционерна гарда во која пред три дена беа запленети два брода што пловеа под грчко знаме, соопшти Стејт департментот. Блинкен ова му го кажал во телефонскиот разговор на шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, се наведува во соопштението што го пренесуваат британските медиуми. Грција пред три дена изрази протест кај иранскиот амбасадор во Атина бидејќи, како што наведе, насилно окупирале два брода под грчко знаме во Персискиот залив, соопшти грчкото МНР. Атина повика на итно ослободување на бродовите и нивните екипажи, оценувајќи ги иранските акции за пиратски. сд/  

Остани поврзан