• четврток, 09 јануари 2025

Блинкен: Илон Маск е граѓанин на САД кој има право да го изрази своето мислење

Блинкен: Илон Маск е граѓанин на САД кој има право да го изрази своето мислење

Париз, 8 јануари 2025 (МИА) – Американскиот милијардер Илон Маск го изразува своето мислење како „граѓанин и тој има право на тоа“, изјави денеска шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во Париз.

- Приватно, граѓаните во нашата земја можат да кажат што сакаат, рече Блинкен на прес-конференцијата со неговиот француски колега Жан Ноел Баро.

Блинкен рече дека Маск, како и секој Американец, има право да го каже своето мислење.

Маск со недели ги зголемува провокациите на својата социјална мрежа Х, коментирајќи ги политичките дебати во Велика Британија и Германија.

Неколку високи европски претставници ги осудија неговите ставови.

Баро денеска ја повика Европската унија да ги заштити земјите-членки од мешање во европската јавна дебата.

Британскиот премиер Кир Стармер во понеделникот предупреди на опасноста од оние кои „шират лаги и дезинформации“, додека францускиот претседател Емануел Макрон изрази жалење што Маск директно се меша во претстојните парламентарни избори во Германија.

Маск претходно отворено ја поддржуваше германската екстремно десничарска партија АфД, а британскиот премиер го нарече „идиот“. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан