• вторник, 27 август 2024

Блинкен изрази сочувство за смртта на поранешниот шеф на Стејт департментот

Блинкен изрази сочувство за смртта на поранешниот шеф на Стејт департментот
Вашингтон, 18 октомври 2021 (МИА) - Поранешниот државен секретар Колин Пауел беше исклучителен лидер и голем човек. Денеска изгубивме ценет колега во Стејт департментот и во нашите амбасади и конзулати низ целиот свет, истакна државниот секретар на САД, Ентони Блинкен по повод смртта на Пауел. Колин Пауел, првиот Афроамериканец, кој стана државен секретар на САД и шеф на Генералштабот на воените сили на САД, денеска почина на 84-годишна возраст поради компликации предизвикани од Ковид-19. Неговото семејство на Фејсбук соопшти дека тој бил целосно вакциниран. - На Стејт департментот тој му го донесе најдоброто од своето лидерство, искуство и патриотизам, истакна Блинкен. Кога дојде во надворешнополитичкот орган на САД, Пауел беше генерал со четири ѕвездички со стекнато 35-годишно искуство на професионален војник. Имал добиено два претседателски Ордени на слободата за време на претседателот Бил Клинтон. - Денеска, нашата благодарна нација го гледа крајот на една исклучителна кариера и ја слави неговата 35-годишна служба и победа, победа за армијата на САД која му даде на младиот Колин Пауел да учи, да расте и да води. Тоа е победа за нашите армиски водачи и политички лидери кои продолжуваат да го воздигнуваат, засновано на нивната целосна доверба и апсолутна почит, истакна Блинкен. Во обраќањето по тажната вест, Блинкен кажа дека имал неколкучасовна средба со Пауел годинава на празникот 4 јули, „зборувавме за Стејт департментот и дискутиравме за сите предизвици со кои се соочуваме низ светот“. - Денеска е тажен ден за нас во Стејт департментот и посебно за сите кои работеле за и со секретарот Пауел, и ние никогаш нема да го забороавиме тоа искуство. Изразуваме сочувство до целото семејство и до сите кои го љубеа, нагласи Блинкен. кб/гт/

Остани поврзан