• понеделник, 23 декември 2024

Близу 5.000 навредливи објави на социјалните мрежи од почетокот на ЕВРО2024

Близу 5.000 навредливи објави на социјалните мрежи од почетокот на ЕВРО2024


Нион, 1 јули 2024 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека за време на групната фаза на ЕВРО2024 биле откриени 4.757 објави на социјалните мрежи кои содржеле навреди, расизам или хомофобија, пренесува денеска агенцијата ДПА.
Објавите се забележани на социјалните мрежи Икс, Инстаграм и ТикТок и биле насочени кон фудбалери, тренери, судии и други учесници на турнирот.
Најголем дел од навредите, 74 отсто, се насочени кон одредени фудбалери.
Во 94 отсто од случаите навредливиот јазик бил генерализиран и не бил насочен кон одредена група или заедница. Во 4,5% од објавите има манифестации на расизам, а во 1,5% – на хомофобија.
„Многу е важно да ги заштитиме и поддржуваме играчите, тренерите и судиите од онлајн малтретирањето. Се обидуваме да им дадеме можност да се концентрираат на нивните перформанси на теренот, а не на споредните фактори“, рече претставникот на УЕФА, Мишел Ува. ег 

Остани поврзан