• среда, 25 декември 2024

Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“

Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“

Битола, 25 април 2024 (МИА) - Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува на  манифестацијата „Денови на Игор Вук Торбица“ која од денеска до понеделник се одржува во Нови Сад во чест на прерано починатиот уметник Игор Вук Торбица.

Домаќин и организатор е Српскиот народен театар, а битолските актери ќе настапат утревечер со претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ која во 2019 година ја режираше Торбица со асистенција на Јова Ристовски.

Во претставата учестуваат актерите Маја Андоновска-Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Никола Стефанов, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

Покрај македонски актери, на „Денови на Игор Вук Торбица“ годинава настапуваат и драмскиот театар „Гавела“ од Загреб, Народен театар „Тошо Јовановиќ“ од Зрењанин и Народен театар-Белград, чии актери вечер ја отвораат манифестацијата во Нови Сад. мт/хс/

Фото: Народен театар Битола

Остани поврзан