• среда, 25 декември 2024

Битолската млекарница Бимилк се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“

Битолската млекарница Бимилк се стекна со сертификат „Фер со потрошувачот“
Битола, 14 април 2021 (МИА) - Битолската млекарница Бимилк се стекна со сертификатот „Фер со потрошувачот“ со што во моментов е единствената компанија од млечната индустрија во земјава со таков сертификат. Од компанијата информираат дека Бимилк со сертификатот се стекна заради покажана грижа за безбедноста и здравјето на потрошувачите, изградениот однос, транспарентноста и едукацијата. - Стекнувањето со сертификатот опфаќа широк опфат обврски што компанијата ги исполнува, а се однесуваат на различни нивоа во односот кон потрошувачот каде како компанија ја докажавме својата грижа и посветеност. Сегашната потврда од надлежните инстанции, само нè увери дека сме на вистинскиот пат и нè поттикнува за градење уште поблизок однос со потрошувачите. Веруваме, велат од Бимилк дека ова признание дополнително ќе ја зголеми довербата што во континуитет ја добиваме од потрошувачите.. Сертификатот го додели Организацијата на потрошувачи на Македонија, Асоцијацијата Зенит и Здружението на бизниси и консултанти Креација, кои се верификатори на исполнетоста на обврските за стекнување со сертификатот. Како што е познато, Бимилк поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната средина ISO 14000 како и стандард за здравје и безбедност при работа ISO 45001  кои постојано ги надградува и унапредува.  мт/оџ/

Остани поврзан