• понеделник, 16 декември 2024

Битиќи се сретна со словенечкиот амбасадор Прескер

Битиќи се сретна со словенечкиот амбасадор Прескер

Скопје, 17 ноември 2023 (МИА) - Билатералните односи меѓу Северна Македонија и Словенија во континуитет се пријателски и без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка, како на политички така и на економски план. Ова на денешната средба го констатираа вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и амбасадорот на Република Словенија во нашата држава Грегор Прескер.

Како што информира владината прес-служба, Словенија е петти по ред инвеститор во нашата земја со околу 6,9 отсто од вкупниот прилив на странски директни инвестиции.

Вицепремиерот Битиќи и словенечкиот амбасадор Прескер, како што се наведува, ја изразија нивната посветеност за продолжување на ваквата одлична соработка. Прескер изрази задоволство за еднаквиот третман кои странските инвеститори го имаат со домашните компании во Северна Македонија.

- Амбасадорот Прескер ја изрази и безрезервната поддршка на Словенија за Северна Макдонија во делот на помош за поефикасно спроведување на Кластер 2, Внатрешниот пазар на ЕУ и за Кластер 3 „Конкурентност и инклузивен раст“, за која вицепремиерот Битиќи рече дека е добредојдена, се вели во соопштението. 

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Прескер разговарале и за можноста за соработка за враќање на младите во нашата земја. Битиќи соопштил дека преку процесот на Националната развојна стратегија (НРС) младите првпат ќе добијат јасна слика каде ќе биде нашата земја во наредните 20 години и така да го најдат својот дел во општеството преку креирање на високо платени работни места за нив. мд/dma/

Фото: Влада 

Остани поврзан