• понеделник, 23 декември 2024

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото

Скопје, 30 мај 2024

„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот,  а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната одлика ќе биде непочитување на владеењето на правот“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

Тој се осврна и на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за заем од една милијарда евра, кој го оцени како прекршување на начелото на добро владеење. 

„Како е возможно лидер на опозиција да преговара заем, тоа го нема никаде во светот. Тоа не е начело на добро владеење, тоа е надвор од институционалното водење на државата, тој нема мандат да преговара за заеми далеку од очите на јавноста“, рече Битиќи .

Битиќи појасни дека не може да се каже дека нема да има уставни измени, кога кај еден од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции на државата се поставени како услов. 

„Очигледно е дека во политичка кампања може да се излаже било што, граѓаните ќе увидат дека ќе има уставни измени, Бугарите ќе бидат во Уставот, а можеби и  други, коишто и не се споменувале, како што се Грци, како и од други соседни земји. Сето тоа ќе биде направено под изговор за динамизирање на европските интеграции“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: МИА архива

______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан