• сабота, 23 ноември 2024

Битиќи на состанок со Мелсом: Северна Македонија е вистинска дестинација за норвешките инвеститори

Битиќи на состанок со Мелсом: Северна Македонија е вистинска дестинација за норвешките инвеститори
Скопје, 25 мај 2022 (МИА) - Директорката на норвешкото Министерство за надворешни работи задолжена за Југоисточна Европа, Кристин Мелсом на работниот состанок со вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи упатила отворена покана за бизнис средба со потенцијални инвеститори и партнери во Норвешка со цел продлабочување на соработката и развој на Северна Македонија.
На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, биле присутни и Томас Холм Кнудсен, директор на инвестицискиот фонд на Норвешка, како и Бесим Зекири претседател на управниот одбор на норвешката компанија „Нормак“, Аки Етеми, претседател на управниот одбор на „Нормак инвестмент груп“ и директорот на ТИРЗ-Тетово, Александар Зарков.
-ТИРЗ-Тетово е првата индустриска зона со јавно приватно партнерство која успешно работи во земјава и на состанокот беше искажано задоволство за успешната соработка во овие години, се наведува во соопштението.Вицепремиерот Битиќи истакнал дека партнерскиот однос ќе продолжи и во иднина, заедно надминувајќи ги сите предизвици кои можеби доаѓаат посочувајќи ја отвореноста за сите заинтересирани инвеститори кои сакаат да инвестираат во земјава. дма/лв/

Остани поврзан