• сабота, 21 декември 2024

Битиќи е оптимист дека септември ќе биде заокружен со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката

Битиќи е оптимист дека септември ќе биде заокружен со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката

Скопје, 6 април 2023 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вечерва соопшти дека е во завршна фаза договорот за Чебрен. Грчката компанија, рече, побарала уште малку време за финиширање на деталите.

Тој е оптимист дека септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката.

-Со Чебрен сме многу биску да го затвориме процесот и отприлика инвестицијата е една милијарда евра. Ќе има избори во Грција, знаеме дека таа компанија е со државен капитал и побараа тоа да не се совпадне со тамошните избори, рече Битиќи.

Вицепремиерот најави уште две стратешки инвестиции во енергетиката кои, нагласи, ќе бидат во обновливи извори и наскоро можат да се најдат во Собранието.

-Таму сме при крај со преговорите и големината е околу 1,3 милијарди евра. Да не бидам преоптимистичен, но заедно со таа една милијарда евра од Чебрен, септември ќе го завршиме со 2,3 милијарди евра инвестиции во енергетиката, рече Битиќи.

Според него, при крај се и разговорите за влез на Француската развојна агенција со нови 50 милиони евра.

-Мора да креираме програми и ќе стимулираме развој. Мора полека да ја менува економската структура на оваа држава, подвлече Битиќи. мч/аа/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан