• понеделник, 16 декември 2024

Бислимоски: Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата

Бислимоски: Маржата и профитот ќе се тргнат целосно или ќе се редуцираат при носењето на следната одлука на цената на струјата
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уверува дека РКЕ како регулаторно тело ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање со цел за да не дојде до поскапување на електричната енергија. Вели дека се размислува при носењето на следната одлука за цената на струјата да се тргнат целосно или да се редуцираат маржата и профитите на енергетските компании. - Во кризна година мора сите да се однесуваме солидарно. Како РКЕ имаме алатки и ќе ги искористиме сите механизми кои ги имаме на располагање при носење на следната одлука на цената на електричната енергија. Профитите и маржата што им се загарантирани за енергетските компании, ќе ги тргнеме скроз или ќе ги редицираме. Цело време повторувам - мора да разберат сите дека во кризна состојба сите мора да си помогнеме, нагласи вечерва Бислимоски на гостувањето на телевизија Алсат. И министерот за економија Крешник Бектеши уште еднаш повтори дека до крајот на годината нема да има поскапување на цената на електричната енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, како што се микро и малите компании. бак/нд/

Остани поврзан