• среда, 27 ноември 2024

Бисера Костадиновска Стојчевска: ЕУ го негува мотото „Обединети во различностите“, и тоа не е случајно

Бисера Костадиновска Стојчевска: ЕУ го негува мотото „Обединети во различностите“, и тоа не е случајно

Битола, 6 септември 2023 (МИА) - ЕУ го негува мотото „Обединети во различностите“, и тоа не е случајно, истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, вечерва во Битола каде се одржа трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа“.

Кога зборуваме за културата на европско ниво, нагласи таа, не мислиме само на уметност, на културни споменици, на идентитет, на јазик, на традиција, туку, рече, мислиме на нашето целокупно секојдневие, на нашите вредности и принципи. 

- Културата е таа што ги поврзува 27-те држави членки на ЕУ, кои сите меѓу себе се различни. Тоа значи дека ЕУ ги чува и ги негува културите на народите на своите држави членки, јазикот и културното наследство, и затоа граѓаните треба да знаат дека нема опасност од губење на македонскиот идентитет или да се намали важноста на македонскиот јазик, идентитет, култура кога ќе станеме членка на ЕУ. Ниедна држава не го загубила идентитетот со тоа што станала членка на ЕУ. Нема ни ние. Нема ништо да загубиме, остануваме Македонци, кои говорат македонски јазик, кои имаат свои културни обележја, бидејќи за културата не се преговара во пристапните преговори. Европската култура се дефинира како збир на национални култури и таа не се усогласува со законодавството на ЕУ, предочи министерката Костадиновска Стојчевска на трибината „ЕУ за македонското културно наследство“ што се одржа во битолскиот Центар за култура. мт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан