• сабота, 16 ноември 2024

Бин Салман ја повика меѓународната заедница да го обврзе Израел да не го напаѓа Иран

Бин Салман ја повика меѓународната заедница да го обврзе Израел да не го напаѓа Иран

Ријад, 11 ноември 2024 (МИА) - Престолонаследникот и лидер на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман денеска ја повика меѓународната заедница да го обврзе Израел да се воздржи од воени напади врз Иран, јави Ал Џезира.

Тој на арапско-муслиманскиот самит во Ријад рече дека Израел мора да го почитува суверенитетот на „сестринската Исламска Република Иран“ и да се воздржи од напад на нејзината територија.

Иран со мнозинско шиитско мнозинство и Саудиска Арабија со сунитско мнозинство ги обновија дипломатските врски во договорот постигнат со посредство на Кина.

Техеран и Ријад ги прекинаа дипломатските односи во 2016 година, откако саудиски дипломати беа нападнати во Иран за време на протестите поради егзекуцијата на шиитскиот свештеник Нимр Ал Нимр.

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Саудиска Арабија, Фајад ал Руваили, вчера го посети Техеран, каде што разговараше со началникот на Генералштабот на Иран, генерал-мајор Мохамад Багери, за развојот на односите меѓу двете земји во полето на одбраната. Саудиска Арабија во октомври објави дека одржала воени вежби со Иран и други земји во Оманското Море. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан