• сабота, 23 ноември 2024

Биното: Напорно работиме на подобрување на сигурноста кај нашите болиди

Биното: Напорно работиме на подобрување на сигурноста кај нашите болиди
Маранело, 11 јули 2022 (МИА) – Извршниот директор на Ферари, Матија Биното зборуваше за проблемите со сигурноста на болидот на тимот. - Звукот беше сличен на она што се случи во Баку. Работиме напорно на решение. Сигурноста е грижа на следните трки, но сигурен сум дека на среден и долг рок тимот ќе успее да го реши. Имаме ефикасен мотор и се надеваме дека ќе го направиме сигурен. За подобрувања ќе биде потребно време. Деловите треба да бидат дизајнирани, произведени и тестирани. Неколку недели нема да бидат доволни. На краток рок, ќе се обидеме да ја контролираме километражата на компонентите, го цитира Биното, „Corriere della Sera“. На трката за ГН на Австрија, Карлос Сајнц се повлече од патеката поради пожар во моторот. Во текот на сезоната, Ферари постојано се соочуваше со проблеми со болидите. зс/

Остани поврзан