Билчик: ЕУ е подготвена за проширување, Белград и Приштина да ги нормализираат односите
- Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека ЕУ е подготвена својата енергија, ресурси и политичка волја да ги насочи кон процесот на проширување и посочи дека проширувањето може да се случи веднаш штом земјите кандидати бидат подготвени и ги исполнуваат условите.
Брисел, 13 септември 2023 (МИА) - Известителот на Европскиот парламент за Србија, Владимир Билчик, денеска изјави дека ЕУ е подготвена својата енергија, ресурси и политичка волја да ги насочи кон процесот на проширување и посочи дека проширувањето може да се случи веднаш штом земјите кандидати бидат подготвени и ги исполнуваат условите.
Тој во Брисел изјави дека Белград и Приштина мора да ги нормализираат односите и дека се надева на ветувачки вести од утрешната средба меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти.
Билчик, коментирајќи го денешниот говор на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во врска со проширувањето на ЕУ, укажа на важноста од спроведување на реформите и усогласување на Србија со политиката на ЕУ. паг/
Фото: Х