• недела, 21 јули 2024

Били Ајлиш прекина концерт за обожавателка да добие инхалатор за астма

Били Ајлиш прекина концерт за обожавателка да добие инхалатор за астма
Атланта, 8 февруари 2022 (МИА) - Американската пејачка Били Ајлиш го прекина концертот во Атланта за една нејзина обожавателка да добие инхалатор за астма. Били не сакаше да го продолжи концертот во „Стејт фарм“ арената (како дел од нејзината турнеја „Happier then Ever“) сѐ додека не се увери дека обожавателката е добро. Настанот од концертот за медиумите го раскажала девојка која била на концертот... - Били го забележа метежот и ги замоли сите да се повлечат и да направат простор. Луѓето потоа почнаа да бараат инхалатор бидејќи една девојка имаше проблеми со дишењето. Били го прекина концертот, сведочи очевидецот. https://twitter.com/i/status/1490925992805863427 На видео од концертот се гледа како пејачката бара од својот тим инхалатор. - Во ред е, имаме еден. Луѓе, дајте ѝ простор и не правете врева. Опуштете се, сѐ е в ред, се слуша Били. На крајот сѐ се завршило добро.  си/

Остани поврзан