• сабота, 23 ноември 2024

Били Ајлиш ги изненади обожавателите во Манчестер со нова песна

Били Ајлиш ги изненади обожавателите во Манчестер со нова песна
Манчестер, 8 јуни 2022 (МИА) - Били Ајлиш отпеа досега необјавена песна за време на нејзиниот настап вчеравечер во градската „АО Арена“ во Манчестер, со нејзиниот брат и писател на стиховите, Финес О'Конел. Шоуто е прво од низата во турнејата во Обединетото Кралство, а настапи ќе има и во Глазгов и Бирмингем. - Ова е она што штотуку го напишавме и сакаме да го отсвириме за вас, им рече Ајлиш на насобраните луѓе. Песната е насловена „TV", а меѓу другото, се осврнува и на судењата на познатите личности (на пр., спорот меѓу Џони Деп и Амбер Хард), и како обичниот гледач „се опседнува“ со тоа. Ова е прв настап на пејачката во Англија по фестивалот во Рединг, 2019 година. Таа, исто така, треба да настапи и на подоцнежниот фестивал во Гластонбери овој месец. си/сд/ https://www.youtube.com/watch?v=Ux-G85CFWr0

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан