Билиќ казнет со осум илјади фунти
- Хрватскиот стручњак беше отстранет од трибините по спорот со судијата Мајк Дин за време на паузата на натпреварот помеѓу ВБА и „карамелите“ минатата недела.

Вест Бром, 23 септември 2020 (МИА) - Менаџерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ е казнет со 8.000 фунти за спор со судијата на натпреварот помеѓу неговиот тим и Евертон.
Хрватскиот стручњак беше отстранет од трибините по спорот со судијата Мајк Дин за време на паузата на натпреварот помеѓу ВБА и „карамелите“ минатата недела.
Билиќ го оспори црвениот картон на Киеран Гибс, покажан за неспортско однесување против Хамес Родригез.
На „Гудисон Парк“, Евертон го победи Вест Бромвич со 5-2.