Билиќ: Заслуживме три бода, можевме да победиме со 4:2
- Тренерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ го прокоментира ремито 3:3 со Челзи во премиерлигашот натпревар од 3. коло.

Вест Бромвич, 26 септември 2020 (МИА) – Тренерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ го прокоментира ремито 3:3 со Челзи во премиерлигашот натпревар од 3. коло.
- Добра игра. Шест гола. Навистина сум горд на начинот на кој игравме, како нападнавме во првото полувреме, како го принудивме противникот да игра, како трчавме, се браневме и ја задржавме концентрацијата.