• четврток, 29 август 2024

Билиќ е обвинет за непристојно однесување

Билиќ е обвинет за непристојно однесување
Вест Бромвич, 22 септември 2020 (МИА) - Менаџерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ беше обвинет за непристојно однесување за време на премиерлигашкиот натпревар со Евертон минатата недела. Хрватскиот стратег беше отстранет од трибините по спорот со главниот судија Мајк Дин за време на паузата на натпреварот помеѓу Вест Бромвич и „карамелите“. Билиќ е категоричен дека „не пцуел“ и само сакал да разговара за судијата за ситуацијата од натпреварот. - Јазикот и постапките на менаџерот на Вест Бромвич на теренот за време на паузата на првенствениот натпревар против Евертон на 19 септември се чини дека се непристојно однесување, соопшти Фудбалскиот сојуз на Англија. Минатата сабота, Евертон го победи Вест Бромвич со 5-2.

Тагови

Остани поврзан