• среда, 27 ноември 2024

Бигорски манастир: И древната Антиохиска патријаршија се радува за евхаристиското и канонско општење

Бигорски манастир: И древната Антиохиска патријаршија се радува за евхаристиското и канонско општење
Дебар, 19 октомври 2022 (МИА) - Древната Антиохиска патријаршија на заседанието на својот Свет и Свештен синод го потврди прифаќањето на Охридската архиепископија, објави Бигорски манастир.
- Радосна вест за нашата најсвета Црква пристигна и од древната Антиохиска патријаршија, која на заседанието на својот Свет и Свештен синод го потврди прифаќањето на Охридската архиепископија во канонско и литургиско општење со целата православна полнота, стои во објавата.
Се пренесува и извадок од соопштението од Антиохиската патријаршија.
- Светиот Антиохиски синод, со кој претседаваше Неговото Блаженство патријархот Јован X (Јазиги), го одржа своето тринаесетто редовно заседание и четиринаесеттото вонредно заседание, од 12 октомври до 17 октомври 2022 година во Баламанд, во присуство на нивните Превосходства, Високопреосвештените Митрополити…
Отците Му воздадоа благодарност на Бога, изразувајќи ја својата радост за враќањето на Православната црква во Република Северна Македонија во евхаристиско општење со вселенската Православна црква. Тие, исто така, ja изразија и својата желба што поскоро да биде постигнат општ православен консензус за името и правниот статус на оваа Црква, стои во извадокот што го објави Бигорскиот манастир. вт/мд/

Остани поврзан