• среда, 25 декември 2024

Би-би-си: Украинците го минале брегот на Дњепар, во регионот на Херсон

Би-би-си: Украинците го минале брегот на Дњепар, во регионот на Херсон
 

Киев, 25 април 2023 (МИА) – Би-би-си јави дека украинските војници поставиле позиции на источниот брег на реката Дњепар, во јужниот регион Херсон.

Би-би-си Украина соопшти дека нејзини воени извори пријавиле „некое движење преку Дњепар“, во близина на градот Херсон, центарот на истоимената област која е делумно под руска контрола.

Институтот за проучување на војната (ISW) во својот редовен неделен извештај наведува рече дека „гео-лоцираните снимки објавени на 23 април покажуваат дека украинските сили дејствуваат во областите северозападно од Олешки, на источниот брег на Дњепар“.

ISW додава дека нема доволно информации за да се анализира обемот на украинското напредување - или натамошните намери на украинската војска.

 

 

Рускиот воен блогер Варгонзо вчера објави дека украинските војници „се обидуваат да заземат упориште на островот Бољшој Потемкин“, што се наоѓа меѓу новиот и стариот канал Дњепар.

Наталија Хуменјук, портпаролка на украинската Јужна команда, ниту ги потврди, ниту ги демантираше информациите дека украинските сили обезбедиле мостбран на источниот брег. Таа за украинските ТВ канали изјави дека „напорната работа продолжува“.

-Воената операција бара информативен молк додека не биде доволно безбедна за нашата војска, нагласи портпаролката.

Владимир Салдо, началник на Херсонската област назначена од Русија, пред два дена изјави дека „немало мостобран на левиот (источниот) брег, во близина на Олешки, или на кое било друго место“ од таа страна на реката. 

Русија ги отфрли обвинувањата, но ако се точни извештаите дека Украина обезбедила мост на источниот брег, тоа би можело да биде значајна помош за Киев во неговиот обид да ги повлече руските трупи. Украинскиот напредок во областа може, во иднина, дури и да го прекине копнениот коридор до украинскиот полуостров Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, наведува Би-Би-Си. сд/

Остани поврзан