Би-Би-Си: Тешки борби ноќеска во Запорожје
- Руски официјални лица и воени блогери објавија дека во текот на ноќта се воделе тешки борби во клучниот регион Запорожје, на југот на Украина, пренесе Би-Би-Си.
![Би-Би-Си: Тешки борби ноќеска во Запорожје](https://mia.mk/index.php/images/20230609085107_big_730x400_43.webp )
Москва, 9 јуни 2023 (МИА) - Руски официјални лица и воени блогери објавија дека во текот на ноќта се воделе тешки борби во клучниот регион Запорожје, на југот на Украина, пренесе Би-Би-Си.
Тие велат дека украинските војници се обидуваат да напредуваат јужно од градот Орехово, каде заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Малиар вчера изјави дека непријателот е во „активна одбрана“.
Неколку воени експерти рекоа дека украинската војска најверојатно ќе се фокусира на Запорожје во обид да го врати пристапот до Азовското Море и да ги подели окупаторските руски сили во регионот.
Тоа ќе ги ослаби нивните борбени способности и ќе го елиминира копнениот мост до Крим, јужниот украински полуостров илегално анектиран од Русија во 2014 година. паг/
Фото: МИА архива