• понеделник, 23 декември 2024

Би-би-си: На фронтот во Украина загинале повеќе од 50.000 руски војници

Би-би-си: На фронтот во Украина загинале повеќе од 50.000 руски војници

Лондон, 17 април 2024 (МИА) - Анализата на Би-би-си покажува дека во Украина загинале над 50.000 руски војници, како и оти во втората година од војната настрадале околу 25 проценти повеќе во споредба со првата година.

Бројката на загинати руски војници во анализата на Би-би-си е осумпати поголема од официјалната бројка што Москва ја објави во септември минатата година.

Би-би-би на руски јазик, независната медиумска група Медијазон и волонтерите од февруари 2022 година, ги бројат смртните случаи, ги следат новите гробови, собираат информации од официјални извештаи, медиумите и од социјалните мрежи.

Според наодите, повеќе од 27.300 руски војници биле убиени во втората година од конфликтот, што покажува дека освојувањето на територија има висока цена. Се оценува дека бројот на жртви е толку голем поради тактиката на руската армија да жртвува војници на фронтот, кои ги испраќа во бранови за да ги истроши украинските сили.

Русија одби да коментира наводите во анализата на Би-би-си. ми/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан