• вторник, 17 декември 2024

Би-Би-Си: Збунувачки првични резултати од изборите во Франција

Би-Би-Си: Збунувачки првични резултати од изборите во Франција

Париз, 7 јули 2024 (МИА) – Излезните анкети од изборите во Франција даваат различни бројки до тој степен што не може со сигурност да се каже која партија освоила најмногу гласови, јави Би-Би-Си.

Француската телевизија му дава на Националниот сојуз помеѓу 120 и 160 седишта во парламентот, ако тоа е точно тогаш ова е изненадувачки пораз за РН, кој би бил трет.

Две други анкети, вклучително и на најголемиот француски приватен канал TF1 и од RTL/M6, покажуваат дека РН е на второто место. Друга проекција му дава на РН најголем број седишта.

Како и да е, она што е јасно е дека Франција оди кон парламент во кој ниту еден блок нема да има мнозинство. Сликата ќе стане појасна во следните неколку часа, наведува Би-Би-Си. јт/


Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан