• сабота, 23 ноември 2024

Бибер: Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето

Бибер: Францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Професорот за политика и историја на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац Флоријан Бибер во објава на во седум точки на Твитер, објасни зошто според негово мислење, францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија претставувава „катастрофа за проширувањето“ на ЕУ. Според него, францускиот предлог за одблокирање на бугарското вето е катастрофа за проширувањето, иако изгледа добар за да се стави крај на бугарското вето, тој постигнува малку и носи големи опасности. - Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ кои ги блокираат земјите членки. Значително се приближува до бугарските барања отколку позицијата на Македонците, па затоа е неурамнотежена. Во суштина ја прифаќа националистичката логика на бугарската Влада и сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија. Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ - 10.000 македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ-пасоши, не затоа што се бугарски. Граѓаните и нивните барања да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека се „етнички“ Бугари. Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистинските малцински права. Нема да има доволно поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договорот ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања. Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување, напиша Бибер. мс/сп/

Остани поврзан