• вторник, 24 декември 2024

Беџети: Има уште дивоградби, но општината има доволен буџет за нивно рушење

Беџети: Има уште дивоградби, но општината има доволен буџет за нивно рушење
Скопје, 21 јануари 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети во одговор на новинарско прашање посочи дека во општината се уште има дивоградби и оти продолжуваат со нивно рушење. Тој не наведе колкава е бројката на дивоградбите, бидејќи, како што рече, уште не ги решиле сите актуелни барања за легализација.

- Секако дека има. Со самиот чин дека Владата го продолжи рокот бидејќи општините не постигнаа да ги решат сите барања од првичниот закон и дополнително новото законско решение има и во Сарај и ќе постапиме согласно законските прописи бидејќи и не гледам друга алтернатива. Немаме точна бројка. Не можам да дадам точна бројка бидејќи не сме ги решиле актуелните и не можам да дадам точна бројка бидејќи и од актуелните се случува да ги одбиеме оние не ги исполнуваат условите од различни причини и ние не ќе можеме да оспориме и со новото законско решение да поднесуваат, но барање кај што претпоставувам пак истото, но бројката варира. Ние и досега сме рушеле и ќе рушиме. И затоа се одбиени, рече Беџети при пуштањето во употреба на патниот правец 1 до паркот во Сарај.

Одговарајќи на новинарско прашање, Беџети истакна дека имаат доволен буџет за рушење на дивоградбите, но не прецизира бројка.

- Токму тоа зошто немаат законска основа и се одбиени од страна на општината. Тоа е веќе во друга фаза. Секоја странка во матичната општина можете да се жалите до Министерството за транспорт, па да се врати во општината, па пак во Министерството, па во управна постапка итн. не е во моја надлежност да предвидам колку ќе траат понатамошните постапки. Доволен е буџетот на општината, наведе Беџети.фф/лв/

Остани поврзан