• понеделник, 23 декември 2024

Беќири: Бериша е албански Хамас, во 1994 го донесе Бин Ладен

Беќири: Бериша е албански Хамас, во 1994 го донесе Бин Ладен

Тирана, 4 октомври 2024 (МИА) - Познатиот албански адвокат Идајет Беќири, лидерот на опозициските демократи и поранешен премиер и претседател на Албанија, Сали Бериша го нарече албански Хамас, кој, според него, имал врски со милитантната група.

Гостувајќи во емисија на Еј-Би-Си Њуз додал дека во април 1994 година Бериша се сретнал со Осама Бин Ладен.

-Бериша има врски и со Хамас. Тој ги имаше и порано. Бериша го донесе Бин Ладен во Албанија во април 1994 година. Бин Ладен и Бериша создадоа голема група од 600 муџахедини платеници, терористи, ги обучија овде, сакаа да ја задржат власта со насилство. Нив ги одржуваше Бериша. Потребно беше доаѓањето на власт на социјалистите, за 109 од овие опасни лица да бидат уапсени, а шест од нив судот да ги осуди на смрт, додаде адвокатот.

Според него, Демократската партија е терористичка организација, а Бериша човек кој „сака секогаш да ја држи земјата во пламен“.

-Бериша сака да ја држи државата во пламен. Тој и неговиот клан, секогаш правеле нереди во историски моменти, како што е сега денот за почеток на преговори со ЕУ.  Најавениот масовен протест за понеделник, 7 октомври, е со цел да каже дека јас сум Хамас на Албанија, смета Беќири.

Опозициските демократи најавија одржување масовен антивладин протест на 7 октомври во 18 часот по мотото „Марширање кон Тирана-сега или никогаш“. вт/сд/

 

Остани поврзан