• недела, 01 септември 2024

„Бетмен“ заработи 128,5 милиони долари за еден викенд во Северна Америка

„Бетмен“ заработи 128,5 милиони долари за еден викенд во Северна Америка
Лос Анџелес, 7 март 2022 (МИА) - Најновиот филм за Бетмен на „Ворнер брос“ заработи околу 128,5 милиони долари во кината во Северна Америка викендов, со што стана првиот филм оваа година којшто надмина 100 милиони долари заработка во првиот викенд од прикажувањето. https://youtu.be/mqqft2x_Aa4 Снимањето на оваа особено мрачна верзија на „Бетмен“, во којашто глуми англискиот глумец Роберт Патинсон, чинеше околу 200 милиони долари. „Спајдермен 3“ на Сони имаше подобар резултат по периодот на пандемијата, по премиерата лани освојувајќи 260 милиони долари. На листата следи авантуристичкиот филм „Немапирано“ (Uncharted), со Том Холанд во улога на ловец на богатство, комедијата „Куче“ (Dog) со Ченинг Тејтум, како и „Смртта на Нил“ на глумецот-режисер Кенет Брана.  си/

Остани поврзан