• петок, 05 декември 2025

Бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто во Општина Лозово

Бесплатен оброк за сите ученици од прво до петто во Општина Лозово

Велес, 19 август 2025 (МИА) - Учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта на територијата на Општина Лозово и оваа учебна година ќе добиваат бесплатен дневен оброк, мерка што локалната самоуправа ја спроведува по трет пат, со одлука донесена на седница на Советот на Општина Лозово, информира градоначалникот Бошко Цветковски.

Средствата за реализација на оваа мерка се обезбедени директно од буџетот на општината. Бесплатниот оброк ќе биде достапен за учениците во централното училиште ООУ „Методи Митевски – Брицо“, како и за учениците во подрачните училишта низ целата општина

- Целта на оваа мерка за нашите ученици - најмладите е да придонесеме за подобрување на детската исхрана во текот на образовниот процес со оброк за секој ученик  за подобро следење на наставата и подобри образовните резултати. Воедно да им помогнеме на семејствата со тоа што наша е грижата за  обезбедување на оброк на нивните деца –ученици во училиште, а  во текот на целата школска година, потенцира Цветковски. ад/дма/

Фото: илустрација

Остани поврзан