• недела, 02 март 2025

Бесплатен ехо преглед на дојки за жителки на Карпош од 20 до 30 години

Бесплатен ехо преглед на дојки за жителки на Карпош од 20 до 30 години

Скопје, 2 март 2025 (МИА) - Во насока на подигнување на свеста кај младата популација за важноста на превентивните прегледи и грижата за здравјето на жените, Општина Карпош во соработка со ПЗУ „Свети Алексеј“ овозможува бесплатен медицински преглед на дојки, за девојки на возраст од 20 до 30 години кои се жителки на оваа скопска општина, информираат денеска од локалната самоуправа.

Како што појаснуваат, заинтересираните жителки на општината може да добијат повеќе информации на телефонскиот број 071 243 400 и да го закажат бесплатниот преглед.

- Приватната здравствена установа за гинекологија и акушерство „Свети Алексеј“, каде ќе се вршат бесплатните прегледи, функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника „Букурешт“. Општината, што воедно е и првата локална самоуправа што презема ваква иницијатива, издвои од својот буџет, финансиски средства во висина од 200.000 денари. Станува збор за акција што се реализира како дел од програмата на Општина Карпош за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2025 година, како проектна активност за превенција и поддршка на женското здравје, истакнуваат од локалната самоуправа. бд/нд/

Фото: Општина Карпош

Остани поврзан