• среда, 27 ноември 2024

Бесими од Брисел: Посветени сме на европерспективата и доближувањето до европските стандарди

Бесими од Брисел: Посветени сме на европерспективата и доближувањето до европските стандарди
Скопје, 21 февруари 2022 (МИА) - Европската перспектива на земјава и очекувањата од француското претседателство со Еу за напредок  во процесот на отворање на пристапните преговори беа главните теми на разговор на денешната средба во Брисел на министерот за финансии Фатмир Бесими со еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји. Како што информираат до Министерството за финансии, на средбата беа потенцирани приоритетите на Министерството насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управувањето со јавните финансии, забрзување на растот преку инвестиции и истовремена фискална консолидација, како и реформите предвидени во Програмата за економски реформи за периодот 2022-2024, за што веќе се почнати консултации меѓу Владата и Европската комисија, кои значат приближување кон ЕУ стандардот. - Ќе се фокусирамe на имплементацијата на Економскиот и инвестициски план за да овозможиме исполнување на целите на агендата за пристапување во ЕУ, вклучувајќи го и спроведувањето на Зелената агенда, Дигиталната транзиција и другите стратегии и политики на ЕУ за земјите од Западен Балкан, истакна министерот Бесими на средбата и изрази благодарност за поддршката што ја добива нашата земја од ЕУ во справување со последиците од пандемијата со Ковид-19, како и во спроведување на значајни инфраструктурни проекти. Владата, исто така, е силно посветеност за зајакнување на административните капацитети на ИПА структурите и го цени позитивниот исход од напредокот на ИПА програмата 2021 година. Усвоен е Акцискиот план за формирање нова ИПА структура, а националните структури работат посветено на имплементација на тековната ИПА 2 програма со цел да се искористат што е можно повеќе од доделените средства. Министерот на средбата истакна дека новата Влада останува посветена да го продолжи патот кон ЕУ и дека за тоа нема друга алтернатива. Очекувањата на земјата од француското претседателство се да продолжат напорите за остварување напредок во овој процес. Владата е подготвена да го продолжи дијалогот со Бугарија за надминување на сите прашања, за што во тек се дискусии за секторска соработка, и да се дојде до решенија кои ќе бидат консензуални и прифатливи за двете страни, се додава во соопштението. вј/сп/

Остани поврзан