• среда, 27 ноември 2024

Бесими: Не размислувам за премиер на техничката Влада, во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа

Бесими: Не размислувам за премиер на техничката Влада, во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа

Скопје, 28 ноември 2023 (МИА) - Министерот за финансии и член на високото раководство на Демократската унија за интеграција, Фатмир Бесими истакна дека не размислувал за премиер на техничката Влада. Тој потенцира дека во ДУИ има доста кадровски решенија кои може да го направат тоа.

-Јас лично во овој период кога сум министер за финансии во време на криза, сум бил свесен за многу предизвици и многу ми е преоптoварена агендата. Не размислувам на таа тема, зошто има кој да размислува. Претседателот на ДУИ Ахмети кога ќе го има предлогот, јавноста ќе знае. Во однос на кадровските решенија, има доста кадри кои може да го направат тоа. Ниту сум размислувал, ниту сметам дека во оваа фаза треба да ја извршувам таа задача. Во ДУИ има доста солидни кадри кои може да ја вршат таа функција, рече Бесими во емисијата „24 Отворено“.

Бесими нагласи дека во моментов негова главна преокупација и главен фокус во овој период кога економски не сме заздравени, е справувањето со предизвиците - предлог-буџетот за 2024 година. 

Според Бесими,  „темата за премиер Албанец не е само предизборно ветување на ДУИ, туку суштинска инвестиција за градење на државата“.

-Да се создаде клима на еднакви можности и да се расчисти со сите предрасуди, табуа и стереотипи од минатото. Ние во НАТО имаме позиции каде во различни мисии учествуваме со сите други држави. Не е само лицитација на имиња. Но, битна е темата, секој граѓанин треба да знае дека кој и да биде премиер, дури и Албанец, тоа ќе биде за сите граѓани, рече Бесими.фф/лв/

Фото: Принтскрин од видео

Остани поврзан