• вторник, 24 декември 2024

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Политичките случувања во двете земји, новите можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во Северна Македонија и европската перспективата на нашите земји, биле во фокусот на вчерашната средба во Приштина на тројцата лидери на Европскиот сојуз за промени, Африм Гаши, Биљал Касами, Изет Меџити, советникот на косовскиот премиер за Северна Македонија, Беким Ќоку, како и претседателот на АА, Арбен Таравари, со премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Собранието, Глаук Конјуфца, соопштија денеска од Движењето Беса.

- Сите присутни лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец, фигура која треба да биде личност со интелектуален кредибилитет и која ќе го обедини албанскиот фактор во Северна Македонија и достоинствено ќе ги претставува сите граѓани на нашата земја, се наведува во соопштението од Беса.

На оваа средба, по чие завршување, како што стои во соопштението од Беса, на јавноста и официјално и било соопштено од кабинетот на премиерот Курти за пријателскиот разговор, се разговарало и за многу други теми кои, се вели во соопштението, ги преокупираат албанските граѓани како во Северна Македонија, така и во целиот регион на Западен Балкан.

Состаноците од овој тип, најавуваат од Беса во соопштението, ќе продолжат и во иднина, имајќи во предвид дека се многу плодни и за двете земји. цр/нд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан