• четврток, 07 ноември 2024

Бериша останува во куќен притвор,  Врховниот суд му ја одби жалбата

Бериша останува во куќен притвор,  Врховниот суд му ја одби жалбата

Тирана, 5 март 2024 (МИА) - Врховниот суд денеска ја отфрли жалбата на поранешниот премиер на Албанија, Сали Бериша, за укинување на мерката куќен притвор.

Барањето беше доставено на 25 јануари, а денешната одлука значи дека останува во „куќен притвор“, мерка која му беше изречена на 30 декември минатата година.

Оваа мерка против  него беше донесена откако не ја испочитува мерката „задолжително јавување“, одбивајќи да оди на распит во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК.

Бериша е осомничен за висока корупција, фаворизирајќи го зетот за ќерка  во процесот на приватизација на државно земјиште на спортскиот комплекс "Партизан" во Тирана, додека бил премиер.

Бериша беше претседател на Албанија од 1992 до 1997 година, а од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата премиер.

Од мај 2021 година на Бериша и неговото семејство им е забранет влез во САД поради, како што наведе Стејт департментот, вмешаност во злоупотреба на јавните фондови и оти ја користел моќта за да стекне корист за себе, за членови на семејство и за политички соработници.

Денеска судот го одбил барањето и на неговиот зет Џамарбер Малтези,  кој, исто така, останува во куќен притвор,  но и барањето на СПАК да оди во затворски притвор.

Тој е обвинет дека на нерегуларен начин се здобил со  5,4 милиони евра преку изградба на повеќекатници на просторот на спортскиот комплекс. вт/сд/


 
Фото: Бериша ФБ

Остани поврзан