• сабота, 21 декември 2024

Беретини се повлече од турнирот во Рио поради повреда

Беретини се повлече од турнирот во Рио поради повреда
Рио де Жанеиро, 13 февруари 2020 (МИА) - Матео Беретини, осмиот рекет на светот, се повлече од турнирот во Рио поради повреда на препоните. Претходно, 23-годишниот Италијанец планираше да одигра седум турнири во првите три месеци од сезоната, но досега тој настапи само на Австралија опен, каде во второто коло во пет сета загуби од Тенис Сандгрен. Турнирот Рио Опен во Бразил ќе се игра од 17 до 23 февруари. зс/

Остани поврзан