Беретини се повлече од третиот турнир по ред
- Осмиот светски рекет Матео Беретини, поради повреда на препоните, нема да игра на турнирот во Акапулко, Мексико, кој започнува следната недела.

Акапулко, 18 февруари 2020 (МИА) - Осмиот светски рекет Матео Беретини, поради повреда на препоните, нема да игра на турнирот во Акапулко, Мексико, кој започнува следната недела.
Оваа сезона, 23-годишниот Италијанец настапи само на два официјални натпревари. Претходно тој се повлече од турнирите во Буенос Аирес (Аргентина) и Рио де Жанеиро (Бразил).
Во март Беретини планира да игра на Мастерсите во САД во градовите Индијан Велс и Мајами, каде што загуби во првото коло минатата година. зс/