Беретини се повлече од Мастерсот во Мадрид
- Италијанскиот тенисер Матео Беретини ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид.

Барселона, 22 април 2023 (МИА) - Италијанскиот тенисер Матео Беретини ќе го пропушти Мастерсот во Мадрид.
- Почнав интензивна програма за рехабилитација во Барселона. Ќе дадам се од себе за да се вратам на натпреварувањето што е можно поскоро. За жал, нема да можам да играм во Мадрид. Ќе ве информирам. Ви благодарам за поддршката, напиша Беретини на социјалните мрежи.
Минатата недела 27-годишниот тенисер се повлече од третото коло на Мастерсот во Монте Карло поради проблем со стомачни мускули.
Турнирот во Мадрид ќе се одржи од 26 април до 7 мај. зс/
Фото: ЕПА