• сабота, 21 декември 2024

Беретини се квалификува на завршниот АТП турнир

Беретини се квалификува на завршниот АТП турнир
Торино, 26 октомври 2021 (МИА) - Седмиот светски рекет Матео Беретини се пласираше на завршниот АТП турнир кој ќе се одржи во Торино. За Италијанецот ова ќе биде второ учество на турнирот со кој се затвора сезоната. Финалистот од Вимблдон е шестиот учесник за завршниот АТП турнир. Претходно пласман во Торино изборија: Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев, Стефанос Циципас, Александар Зверев и Андреј Рубљев. Турнирот ќе се одржи од 14 до 21 ноември. зс/

Остани поврзан