• петок, 27 декември 2024

Бербок повика на прекин на пристапните преговори со Грузија

Бербок повика на прекин на пристапните преговори со Грузија

Берлин, 26 декември 2024 (МИА) - Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок денеска оцени дека „властите на Грузија со своето антиевропско однесување свесно ги поиграле со историската шанса што Европската унија и ја понудила на земјата и повика на прекин на преговорите за членство во ЕУ со Грузија“. 

„Бербок ја повика ЕУ официјално да го прекине процесот на пристапување на Грузија во Унијата поради авторитарното владеење на владејачката партија Грузиски сон“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

„Доделувањето кандидатски статус на Грузија во декември 2023 година беше поврзано со јасни реформски процеси. Ова секогаш им беше јасно на функционерите во партијата Грузиски сон. Но, наместо напредок, гледаме алармантно назадување - избори кои беа остро критикувани од меѓународните набљудувачи, непропорционална употреба на сила против демонстрантите, ограничувајќи ги правата на ЛГБТК заедницата“, рече Бербок.

Таа додаде дека со таков антиевропски пресврт, Грузиски сон свесно го стави на мраз процесот на пристапување на Грузија во ЕУ и де факто го укина. „Во ЕУ, поради се поавторитарната политика на Грузиски сон, треба да размислиме за формално суспендирање на грузиската евроинтеграција“, додаде министерката. паг/

Фото: МИА архива


  

 

 

Остани поврзан