• среда, 25 декември 2024

Бербок: На многу Германци не им е јасна поддршката за Украина

Бербок: На многу Германци не им е јасна поддршката за Украина

Берлин, 18 септември 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за Блумберг призна дека причините поради кои Берлин треба да ја поддржи Украина не им се јасни на многу Германци.

- Многу луѓе во САД го поставуваат прашањето: „Украина е доста далеку од нас, зошто ни е важно?“ Ова не важи само во САД, туку и кај нас во Германија. На Европа повеќе од кога било и е потребна поддршката од американските „пријатели и колеги“, рече шефицата на германската дипломатија.

Според неа, неопходно е да му се покаже на светот дека сојузниците ќе стојат покрај Украина „колку што е потребно“.

Претходно, шефот на германското Министерство за одбрана, Борис Писториус, нагласи дека Берлин веќе му пружил голема воена помош на Киев. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан